Пожар во фабрика кај Москва, горат 2.000 квадратни метри

Сподели со своите пријатели

Во фабриката Химки кај Москва утринава избувна пожар во работилницата за производство на керамички плочки, при што беа зафатени 2.000 квадратни метри, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Loading...

Министерството во објава на својот канал Телеграм соопшти дека пожарот избувнал на урнат покрив.

Во соопштението се додава дека во зградата се складирани 30 плински боци, од кои пожарникарите досега успеале да отстранат 10, пренесува РИА Новости.

Обвинителството на Московскиот регион соопшти дека засега нема извештаи за жртви. На терен има повеќе од 50 спасувачи со 18 парчиња опрема.