Отишла на пливање. Ја спасиле на 80 километри од плажата

Сподели со своите пријатели

Жена која била однесена од океанските струи додека пливала на плажа во Јапонија е спасена на околу 80 километри од брегот 36 часа откако исчезнала, соопштија официјални лица.

Loading...

21-годишна Кинезинка, која отишла на пливање со гумен „прстен“ на надувување, влегла во морето кај плажата Ширахама Охама во понеделникот околу 19 часот и 30 минути со пријателка, соопшти утрово крајбрежната стража.

Властите започнале операција за пребарување и спасување откако нејзината пријателка го вклучила алармот на плажа во централниот регион Шизуока истата вечер.

„Беше околу 19:55 часот на 8 јули кога добивме информација за исчезнувањето, кое го пријави пријател на исчезнатата жена во блиската продавница“, изјави локален претставник на јапонската крајбрежна стража.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Наставничка уби осумгодишна ученичка во Јужна Кореја, го призна злосторството

Ја понело морето

Жената, која не е именувана, им рекла на спасувачите дека морето ја однело и не можела да се врати на плажата бидејќи пливала со гумен „прстен“.

Таа конечно била забележана од товарен брод кој пловел покрај јужниот дел на полуостровот Босо во Чиба во 7:48 часот наутро во средата, изјави официјалниот претставник.

Двајца членови на екипажот на помал близок танкер биле контактирани преку радио и скокнале во морето за да ја спасат.

„Помеѓу плажата и местото каде што беше спасена има 80 километри воздушна линија, но се претпоставува дека таа залутала на уште поголема далечина“, рече службеникот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Наставничка уби осумгодишна ученичка во Јужна Кореја, го призна злосторството

По спасувањето жената била пренесена во болница, но не морала да биде примена бидејќи била свесна, а нејзината дехидрација не била опасна по живот.