Во Франција луѓето најмногу толерираат прељуба, но во овие земји тоа е сосема неприфатливо

Сподели со своите пријатели

Во кои земји се смета дека прељубата е ок, а во кои земји воопшто не се толерира?

Loading...

Американскиот истражувачки центар Пју спроведе анкета во која луѓето во 39 земји во светот беа прашани дали сметаат дека е морално прифатливо или неприфатливо мажена личност да изврши прељуба.

Во Франција, повеќе од половина од испитаниците веруваат дека прељубата е прифатлива

Франција е единствената земја во која повеќе од половина од испитаниците сметаат дека прељубата е во ред.

47% од испитаниците сметаат дека прељубата е неприфатлива, додека 53% од нив сметаат дека е прифатлива.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неуралинк во Канада доби дозвола да имплантира мозочни чип кај пациенти

На второ место е Германија, каде 60% од испитаниците велат дека не е прифатливо да се изневерува во брак, додека 40% од нив сметаат дека е во ред.

Врз основа на податоците од сите анкетирани земји, 79% од нив сметаат дека неверството е неприфатливо.

Ова мислење е најраспространето во Бразил, Гана, САД, Филипините, Либан, Пакистан, Индонезија и Турција.