Стела Асанж ќе бара помилување за својот сопруг Џулијан

Сподели со своите пријатели

Стела Асанж, сопругата на основачот на Викиликс, Џулијан, во вторникот рече дека ќе побара помилување откако тој се согласи да се изјасни за виновен за кршење на американските закони за шпионажа, ставајќи крај на долготрајната правна сага во Велика Британија.

Loading...

Асанж (52) ќе се изјасни за виновен на сослушувањето во Саипан на Северните Маријански Острови по една точка од обвинението за заговор за добивање и објавување доверливи документи за одбрана на САД и се очекува да биде осуден на 62 месеци затвор, која веќе ја одлежа.

Потоа ќе може да се врати дома во Австралија.

Стела Асанж, адвокатка која работеше на неговата кампања речиси од почетокот на неговата правна битка, рече дека е среќна поради тоа, но и лута што тој толку долго бил во затвор.

Тие се венчаа додека тој беше во затворот Белмарш во Лондон и имаа две деца додека тој се криеше во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Таа рече дека ќе побара помилување бидејќи признавањето на вината за шпионажа е „многу сериозна причина за загриженост“ за новинарите ширум светот.

Договорот го означува крајот на правната сага во која Асанж помина повеќе од пет години во британски затвор и седум во еквадорската амбасада во Лондон, откако Викиликс објави доверливи американски документи, најголемиот скандал од ваков вид во историјата на американската војска.

Асанж ќе треба да плати чартер лет до Саипан, а потоа до Австралија, што ќе го чини половина милион долари, па ќе започне кампања за собирање донации.

Loading...