Хутите нападнаа грчки брод: Екипажот е повреден!

Сподели со своите пријатели

Екипажот на товарен брод кој пловел под знаме на Либерија и е во сопственост на Грција е полесно повреден во напад со дрон на јеменските бунтовници Хути во Црвеното Море, соопшти Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ).

Loading...

Во соопштението се наведува дека нападот се случил во неделата и дека е оштетен товарниот брод M/V Trans world navigator, кој продолжил да плови.

Бродот неодамна се закотви во Малезија и беше на пат за Египет.

Ова е четврти напад на Хутите на тој брод.

ЦЕНТКОМ посочува дека нападите на Хутите поддржани од Иран ја загрозуваат регионалната стабилност и меѓународниот превоз преку Црвеното Море и Аденскиот Залив.

ЦЕНТКОМ нагласува дека ќе продолжи да работи со партнерите за да ги спречи Хутите да ги повторат нападите врз бродовите во Црвеното Море.

Хутите од ноември напаѓаат бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив, попречувајќи го меѓународниот товарен превоз и заканувајќи ги синџирите на снабдување.

Хутите велат дека ги извршуваат нападите во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа.

Loading...