Деветнаесетгодишно момче од липковското село Никуштак загина во сообраќајка на патот Куманово – Липково.
– На 18.06.2024 во 17.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Липково, во с.Оризаре, липковско, патничко возило „опел зафира“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(21) од с.Никуштак, општина Липково, излетало од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат оттаму, во несреќата од здобиените повреди на местото починал сопатникот Р.А.(19) од с.Никуштак, а лекар од Здравствен дом Липково констатирал смрт.
Возачот Р.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски