Караванот на Црвена Ѕвезда повторно во Куманово

Сподели со своите пријатели

Летниот караван на српскиот фудбалски клуб Црвена звезда по втор пат ќе го посети Куманово, на 17 јуни кога од 18 часот ќе се одржи спортско-музички хепенинг на градскиот плоштад.

Loading...

Навивачите и симпатизерите на клубот ќе имаат можност да го обноват своето членство, но и и да се фотографираат со пехарите од Лигата на шампионите, Супер лигата, како и Купот на Србија.

-Дружењето е замислена како отворена фан зона, со анимации за посетителите, штанд за членoвите, а ќе бидат изложени и трофеите од Лигата на шампионите, од националното првенство и од Купот на Србија, со кои посетителите ќе можат да се фотографираат. Целиот настан ќе биде проследен со навивачките песни на фудбалскиот клуб. Ги повикуваме сите љубители, симпатизери и навивачи на ФК Црвена Звезда да бидат дел од овој голем настан, и да поминат едно незаборавно попладне со нас“, изјави Емил Ташевски, организатор на настанот и логистичка поддршка на клубот Црвена Звезда.

Минатогодишниот хепенинг предизвика голем интерес во Куманово, а како тоа изгледаше може да погледнете ТУКА.