Гласаат болните, немоќните и затворениците во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 420 болни и немоќни лица во Куманово денеска го остваруваат своето право на глас на претседателските и парламентарните избори.

Loading...

Како што информираат од Општинската изборна комисија, гласањето се одвива тековно и во Затворот во К’шање каде право на глас имаат 127 лица.

На утрешните претседателски избори во Општина Куманово право на глас имаат вкупно 93.508 лица, додека за парламентарните ќе можат да гласаат 93.635 лица.

Никола Ивановски