66 отсто од родителите се чувствуваат изолирано и осамено

Сподели со своите пријатели

Ниту родителите не се имуни на епидемијата на осаменост. Околу две третини од родителите, или 66 отсто, рекле дека барањата за воспитување деца понекогаш или често ги тера да се чувствуваат осамено и изолирано, според новото истражување на Медицинскиот центар Векснер на Државниот универзитет во Охајо.

Loading...

Истражувачите анкетирале 250 родители на возраст од 30 до 49 години.

„Најдобар начин за борба против ова искуство е да се даде приоритет на социјалната поврзаност“, вели Кејт Гавлик, професорка на Колеџот за медицински сестри на Државниот универзитет во Охајо и истражувач за родителско исцрпување.

„Најдете група за родители или курс каде што ќе ги гледате истите луѓе одново и одново. Така се формираат врски“, додаде таа.

Може да биде страшно да го направите првиот чекор, но вреди

Појавувањето меѓу куп странци или повикувањето на родител што сакате подобро да го запознаете може да биде незгодно.

„Може да биде страшно да се направи првиот потег, но студиите покажуваат дека луѓето генерално сакаат да добиваат изненадни повици“, коментира Гавлик.

Психотерапевтката Естер Перел неодамна објасни зошто импровизирани планови можат да помогнат да се создадат посилни врски.

„Луѓето често се зафатени пред три недели, но не се зафатени кога ќе им се јавите. Неверојатно е колку луѓе само ќе седат дома затоа што се научени да планираат денови или недели однапред“, рече таа за поткастот на Ден Харис, Ten Percent Happier.

Loading...

„Само запомнете, доследноста е клучна“, вели Гавлик. „Навистина се работи за фреквенцијата и колку често гледате луѓе.“