Скокнаа цените на нафтата откако Израел го нападна Иран

Сподели со своите пријатели

Британската безбедносна фирма Амбри денеска објави дека ги советувала трговските бродови кои транзитираат по Аденскиот Залив и западниот дел на Индискиот Океан да бидат внимателни поради зголемената активност на беспилотни летала во регионот.

Loading...

Амбри објави дека добиле информации кои укажуваат дека бил извршен „израелски воен напад“ врз Исфахан, Иран.

Цените скокнаа до три долари за барел

Претходно, британската агенција за поморски трговски операции (УКМТО) соопшти дека видела слични извештаи, но дека нема индикации дека комерцијалните поморски бродови биле наменети цели на нападот.

Цените на нафтата скокнаа за три долари за барел како реакција на извештаите за нападот, што предизвика загриженост дека може да се прекине снабдувањето со нафта на Блискиот Исток.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каков рекорд соборија македонските граѓани на странските берзи?

Суровата нафта „брент“ загуби дел од тие добивки, тргувајќи се со пад од 1,85% на 88,74 долари, откако достигна највисоко ниво од 90,75 долари.

Израелски напад

Израел го нападна Иран, изјавија три извори запознаени со ситуацијата.

Иранските државни медиуми рано во петокот објавија дека нивните сили ги уништиле беспилотните летала, неколку дена откако Иран изврши одмазднички напад со беспилотни летала врз Израел.

Иранската новинска агенција Фарс објави дека три експлозии се слушнале во близина на воена база во централниот град Исфахан.

Loading...

Ирански функционер изјави за Ројтерс дека немало ракетен напад и дека експлозиите се резултат на активирање на иранските системи за противвоздушна одбрана.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каков рекорд соборија македонските граѓани на странските берзи?