Мажи и жени над 65 години открија за што жалат во животот, сите имаат сличен одговор (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Група мажи и жени на возраст од 65 до 100 години имаат сличен одговор на прашањето за што најмногу жалат во животот.

Loading...

Некои дури имаа исти одговори од збор до збор и повеќето од нив имаат слични размислувања за тоа што е важно во животот.

Сите се согласуваат: Материјалните работи не се важни

Тиктокер Јаир ги праша постарите луѓе за што најмногу жалат во животот.

Една 79-годишна жена зборува за работите за кои мислела дека се важни кога била помлада и рекла дека парите го олеснуваат животот, но не гарантираат среќа.

 

@yairbrachiyahu 79 Year Old Shares Her Biggest Loss… #lifelessons #interview #lifeadvice #longervideos ♬ original sound – Yair

 

Друг човек имаше слично мислење и рече дека материјалните работи и повеќе пари отколку што е навистина потребно не се толку важни.

Loading...

„Кога сме помлади, мислам дека сакаме да заработиме многу пари и да стекнеме многу материјални работи, да имаме голема куќа, одличен автомобил и сето тоа. Сега сфаќам дека тоа не е она што е важно во животот. Во животот се важни врските, љубовта и способноста да знаеш што е всушност изобилството“, вели тој.

 

@yairbrachiyahu 65 Year Old Shares What’s Most Important In Life #interview #lifelessons #lifeadvice #longervideos ♬ original sound – Yair

 

Најважни им се пријателите, здравјето и љубовта

Еден постар брачен пар и 78-годишен маж се согласиле со него од збор до збор, велејќи дека „материјалните работи не се толку важни“.

„Живееме на брод и продадовме речиси се. Мислевме дека ќе ни недостига, дека ќе зажалиме, но не“, рекла сопругата.

Нејзиниот сопруг додаде: „Ја поминавме нашата младост обидувајќи се да купиме поголеми куќи, убави автомобили и слични работи. Многу од тие работи сега се бесмислени“.

На прашањето што им е важно, тие рекоа врски, здравје и пријатели.

Loading...

 

@yairbrachiyahu 46 Years Married Couple Share What’s Really Important In Life… #interview #lifelessons #lifeadvice #longervideos ♬ original sound – Yair

 

78-годишникот му рекол на Јаир дека на помладиот себе си би му кажал дека желбата да поседува материјални работи и да се натпреварува е губење време.

„Тоа е бескорисно и многу негативно“, вели тој.

Најважни му се работите што ги наведоа претходните.

Еден 93-годишен старец жали што ги изгубил пријателите што ги стекнал во текот на животот, како и сопругата.

„Одам насекаде, правам некои работи и потоа немам со кого да разговарам за тоа“, вели тој.

Loading...

 

@yairbrachiyahu 93 Year Olds Advice To Younger Self #interview #lifelessons #lifeadvice #longervideos ♬ original sound – Yair

 

Помладиот тим кој ги гледаше овие видеа истакна дека советите на постарите биле навистина мудри.