Од британската полиција побарано да го истражи случајот на Кејт Мидлтон

Сподели со своите пријатели

На полицијата во Велика Британија ѝ е наредено да ги разгледа тврдењата дека најмалку еден вработен во приватната клиника во Лондон каде Кејт Мидлтон и кралот Чарлс биле оперирани се обидел да пристапи до доверлива документација поврзана со абдоминалната операција на принцезата од Велс.

Loading...

Оваа информација ја потврди министерката за здравство Марија Колфилд.

Барањето следува по информацијата објавена во Мирор дека вработен се обидел да ја злоупотреби својата положба и да добие информации за здравјето на Кејт.

Министерот за здравство рече дека правилата за пристап до доверливи медицински информации за пациентите се „многу, многу јасни“.

„Освен ако не се грижите за одреден пациент или тие не ви дале согласност да ги видите информациите, не треба да имате пристап до нивните медицински досиеја“, изјави таа за радиото ЛБЦ, додавајќи дека „од полицијата е побарана да го истражи случајот“.

Во соопштението на лондонската полиција се наведува дека „во моментов не е запознаена со такви податоци“.

Во меѓувреме, Канцеларијата на комесарот за информации на ОК (ICO) ги истражува тврдењата.

Тие го надгледуваат прегледот на регулативите за заштита на податоците и слободата на информации низ Велика Британија.

Loading...

„Можеме да потврдиме дека добивме извештај за прекршување и ги проценуваме добиените информации“, рече портпаролот.

„Цврсто веруваме дека сите наши пациенти, без разлика на нивниот статус, заслужуваат целосна приватност и доверливост во однос на нивните медицински информации“, велат од клиниката.

Портпаролот на палатата Кенсингтон одбил да ја потврди или негира информацијата, објаснувајќи дека се работи за клиниката во Лондон.