Армија на САД: Соборени дронови на бунтовниците Хути

Сподели со своите пријатели

Американските сили утринава соопштија дека уништиле девет противбродски балистички ракети и два дрона на јеменските бунтовници Хути.

Loading...

Американската команда на Блискиот Исток (Центком) „уништи девет противбродски балистички ракети и два дрона на териториите контролирани од бунтовниците Хути, а тој напад претставуваше непосредна закана за американските воени бродови во регионот“.

Американската војска во соопштението по ракетните напади на бунтовниците во Аденскиот залив и Црвеното Море нагласи дека тие не предизвикале никаква штета и дека нема повредени.

Експлозијата била пријавена во четвртокот во близина на бродот, југоисточно од пристанишниот град Аден во Јемен, објави британската агенција за поморска безбедност УКМТО.

Експлозијата, како што наведе таа, се случила „на одредено растојание“ од бродот, кој „не претрпел штета.

„Екипажот е добро“, додал истиот извор кој не го опишал подетално пловилото.

Хутите поддржани од Иран напаѓаат товарни бродови во Црвеното Море со беспилотни летала и проектили како одмазда за израелската офанзива во Газа.

Јеменските бунтовници претходно најавија дека тоа го прават како „знак на солидарност“ со Палестинците.

Loading...