Хилари Клинтон: Гласот за Трамп е глас за тимот на Путин

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски државен секретар Хилари Клинтон на социјалната мрежа Х објави дека оние кои гласаат за поранешниот американски претседател Доналд Трамп, дејствуваат во интерес на рускиот претседател Владимир Путин.

Loading...

„Секој ден станува се појасно – гласот за Трамп е глас за тимот на Путин“, напиша Клинтон на социјалната мрежа Икс.

Ова е нејзиниот коментар на изјавата на унгарскиот премиер Виктор Орбан кој рече дека Трамп ветил дека нема да и праќа пари на Украина доколку повторно стане претседател, а без САД Европа нема да може да го финансира конфликтот, па ќе заврши.