Во понеделникот, индиската влада им понуди на демонстрантите поддршка за цените за мешунките, пченката и памукот, но тие бараат законски поддржани повисоки цени за речиси дваесетина видови култури.
Солзавец и барикади беа употребени за да се одвратат земјоделците да маршираат кон главниот град.
Тие формираат влијателен гласачки блок, неколку месеци пред мајските избори на кои премиерот Нарендра Моди ќе се обиде да освои рекорден трет мандат.
За да се заштитат од солзавецот и чадот, откако интервенирала полицијата, илјадници селани се распрснале во блиските полиња, на околу 200 километри северно од Њу Делхи.
Од нив 10.000 со 1.200 трактори се собрале во близина на Шамбху, на границата на државата Пенџаб, вооружени со стапови и камења, објави полицијата во Харајана на Х.
Премиерот Нарендра Моди даде нова понуда во обид да ги продолжи разговорите.
Министерот за земјоделство Арџун Мунда ги повика да ги решат своите проблеми и барања преку преговори.
По четвртиот круг преговори, Владата е подготвена да разговара за сите прашања“, објави министерот на Х.
„Повторно ги поканувам лидерите на земјоделците на разговори. Важно е да се зачува мирот“, додаде Мунда.
Во понеделникот, земјоделците отфрлија петгодишни договори за минимални субвенции (МСП) на земјоделците кои одгледуваат различни култури – од памук, грашок, грав, леќа и пченка – кои би биле исплатени од задругите.
Земјоделците, кои главно одгледуваат пченица и ориз, се решени да продолжат да маршираат кон Њу Делхи за да ја притиснат владата да обезбеди минимална цена за целото нивно производство.
Владата најавува субвенции за повеќе од 20 култури секоја година за да постави репер, но државните агенции купуваат главно ориз и пченица на ниво на субвенции, од што имаат корист само седум отсто од земјоделците.
Земјоделците, претежно од северната држава Пенџаб, бараат повисоки цени за нивните посеви и сакаат тоа да се легализира.
Тие формираат многу влијателен блок на гласачи што премиерот Моди не може да си дозволи да го изгуби пред општите избори во мај.