Шеесет и четиригодишна кумановка е најновата жртва на криминалната шема за извлекување пари од повозрасни лица со наводна продажба на огревни дрва.
Loading...
– На 26.01.2024 во 12.50 часот во СВР Куманово, 64-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 5000 денари, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Според пријавеното, лицето ѝ понудило огревни дрва и откако се договориле таа му ги дала парите, по што заминал и не се вратил, по што сфатила дека е измамена.
– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Куманово.
Никола Ивановски