Ирак: Американските напади врз милитантите ќе доведат до „неодговорна ескалација“

Сподели со своите пријатели

Ударите на Соединетите Американски Држави врз воените позиции во Ирак го нарушуваат суверенитетот на земјата и може да доведат до „неодговорна ескалација“, се наведува во денешното соопштение на Кабинетот на ирачкиот премиер.

Loading...

Ирак ќе ги смета американските напади врз три милитантни објекти поддржани од Иран како „агресивни дејства“ кои ја поткопуваат долгогодишната соработка, се додава во соопштението.

Претходно денеска американскиот секретар за одбрана Лојд Остин потврди дека американската авијација, по наредба на претседателот Џозеф Бајден, погодила три објекти во Ирак, од чии локации милициите поддржани од Иран извршиле напади врз американската база.