Поранешниот полски министер за внатрешни работи Мариуш Камински, осуден и приведен во вторникот под обвинение за злоупотреба на службената положба на таа позиција, започна штрајк со глад, објави тој во средата.
– Објавувам дека мојата пресуда ја сметам за чин на политичка одмазда – стои во изјавата на тој политичар од листата на конзервативната партија Право и Правда (ПиС), која ја прочита неговиот поранешен заменик Блажеј Побози на прес-конференција пред на кабинетот на премиерот.
Полицијата во вторникот влезе во претседателската палата на Полска, спроведувајќи судска наредба за приведување на поранешен министер и неговиот заменик, што претставува нова ескалација на конфликтот меѓу новата влада и шефот на државата Анджеј Дуда.
Дуото беше таму на церемонијата на именување на советниците на претседателот.
Тие се обвинети во корупциски случај поврзан со пренамена на земјоделско земјиште во градежно, пишуваат полските медиуми.
По неговата изборна победа во октомври, премиерот Доналд Туск најави дека ќе ја откаже политиката на ПиС, која често се обвинува за поткопување на демократијата за време на нејзиното осумгодишно владеење.
Притворот на двајца претставници, Камински и неговиот поранешен заменик Мациеј Васик, е последен во серијата удари во, најверојатно, многу долг период на кохабитација меѓу двете гранки на власта.
Во вторникот стотина демонстранти се собраа пред претседателската палата, а потоа и пред полициската станица каде беа приведени Камински и Васик.