На божиќната вечера на Ербас 700 работници се затруле со храна?

Сподели со своите пријатели

Се верува дека повеќе од 700 вработени во Ербас Атлантик се разболеле по божиќната вечера во компанијата, соопштија здравствените власти во Франција.

Loading...

Работниците во фабриката на воздухопловната групација во западна Франција пријавиле симптоми како повраќање и дијареа, според здравствената агенција АРС.

Не е познато што имало на менито на гала гозбата, а Ербас веднаш не одговорил на барањето на Би-Би-Си за коментар.

Ербас Атлантик е подружница на најголемиот светски производител на авиони Ербас и вработува 15.000 луѓе во пет земји.

АРС не даде детали за тоа каква точно храна може да ги разболела луѓето на вечерата одржана минатата недела, но претходно вчера објави дека гостите покажуваат „клинички знаци на повраќање или дијареа“.

Покрената е истрага за откривање на изворот на масовното труење со храна, соопшти организацијата за новинската агенција АФП.

Пошироката групација Ербас вработува 134.000 луѓе и обезбедува производи и услуги во авионската, хеликоптерската, одбранбената, вселенската и безбедносната индустрија.

Во одделен инцидент во Франција на почетокот на оваа година, неколку луѓе се разболеа, а еден грчки државјанин почина, откако се зарази со ретката болест што се пренесува преку храна, ботулизам во ресторан во Бордо.

Loading...