ОН: Жителите на Газа наскоро ќе гладуваат

Сподели со своите пријатели

Светската програма за храна на ОН (WFP) соопшти дека речиси целото население на Газа има очајна потреба од хуманитарна помош во форма на храна, предупредувајќи дека цивилите се во опасност од глад.

Loading...

Поради недостиг на гориво, ниту една од пекарниците на WFP не работи повеќе, а работат само четвртина од продавниците за храна, велат од агенцијата.

Малите количества храна достапни во продавниците се продаваат по алармантно високи цени.

Поради недостиг на гориво и струја, речиси е невозможно да се готви оброк. Оние кои имаат среќа јадат конзервирана храна, додека некои преживуваат со какви било сурови состојки што можат да ги најдат, вклучително и сиров кромид и модри патлиџани, вели WFP.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Борел: ЕУ мора да изврши притисок врз Израел поради војната во Газа