Израелската армија презеде оперативна контрола над пристаништето во Газа

Сподели со своите пријатели

Израелската војска соопшти дека ја презела „оперативната контрола“ на пристаништето во Газа, клучна инфраструктура на палестинската територија, на 41-от ден од војната меѓу Израел и исламската екстремистичка група Хамас.

Loading...

Контролата на пристаништето „управувано од терористичката организација Хамас“ беше преземено во заедничка операција на оклопните и поморските сили во последните денови, се вели во военото соопштение.

Хамас го користеше пристаништето како „центар за обука на своите поморски сили за планирање и извршување терористички напади од морето“, се додава во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 14 Палестинци загинаа во нападите на израелските сили ширум Газа