Британските плати во третиот квартал пораснале за 7,7 отсто

Сподели со своите пријатели

Во третиот квартал, од јули до септември, платите во Велика Британија номинално пораснале за 7,7 отсто на годишно ниво, а реално за 1,3 отсто, објави денеска британската канцеларија за национална статистика – ONS.

Loading...

Растот е побавен отколку во претходните два квартали кога платите во Британија се зголемија за рекордни 7,9 отсто номинално во однос на истиот период минатата година, се наведува на веб-страницата ONS.

Платите во приватниот сектор се зголемени за 7,8 отсто во третиот квартал во однос на истиот квартал лани, а платите во јавниот сектор за 7,3 отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во лизгање на земјиштето во Суматра, Индонезија, загинаа најмалку 27 луѓе

Ако во оваа пресметка ги вклучиме и бонусите, платите во Велика Британија номинално пораснале за 7,9 отсто на годишно ниво од јули до септември.

Невработеноста во Велика Британија во третиот квартал изнесува 4,2 отсто, исто како и во претходниот квартал и во согласност со очекувањата на пазарот, пренесува Танјуг.