Земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди Индискиот Океан

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди во вторник Индискиот Океан, соопшти Американскиот геолошки институт.

Loading...

Земјотресот, со епицентар во јужниот дел на Индискиот Океан, е регистриран околу 7 часот по Гринич.

Земјотресот е регистриран на длабочина од речиси 10 километри.

Тоа се случи неколку дена откако земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужноазиската земја Непал.

Околу 150 луѓе загинаа по силниот земјотрес што ја погоди хималајската држава без море.

 

 

Loading...