Neuralink: Роботи подготвени да вметнат чипови во човечки мозок

Сподели со своите пријатели

За Neuralink се зборува од 2018 година, кога првпат излезе во јавноста со информации за импланти на човечки мозок.

Loading...

Неодамна се појави вест дека роботите кои ќе бидат задолжени за „инсталирање“ на чипови кај човечки субјекти се веќе готови.

И покрај страшните вести за тестирање на животни, Neuralink оди напред.

Сè уште не се знае точно кога роботските хирурзи ќе почнат со работа, но тоа може да се случи во секој момент.

Илон Маск инсистира тоа да се случи што е можно поскоро.

Единствената пречка е што идеалниот кандидат, волонтер, сè уште не се појавил.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денешниот ден во Југославија бил многу значаен. Еве и зошто (ВИДЕО)

Neuralink доби зелено светло за тестирање на луѓе, а идеален кандидат е некој помлад од 40 години кој не може да ги движи нозете или рацете.

Уште во 2019 година, Маск зборуваше за плановите на компанијата: потоа рече дека чиповите се замислени како сегменти кои се зајакнати со вештачка интелигенција и кои ја мерат и стимулираат мозочната активност.

Loading...

Маск тогаш тврдеше дека ќе можат да ги решат проблемите кои потекнуваат од нервниот систем – „од аутизам, преку шизофренија, до губење на меморијата во староста“.

Експертите реагираа подоцна, за да нагласат дека аутизмот не е болест, па затоа не може да се излечи и дека многумина кои живеат со аутизам ја чувствуваат таа состојба како витален дел од нивниот идентитет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што е „ЦРН ПЕТОК“ и зошто тогаш сите купуваат? (ВИДЕО)

Од компанијата велат дека над илјада луѓе веќе покажале интерес да учествуваат во тестирањето на чиповите, но многумина се загрижени за последиците што ги трпат животните на кои веќе се испробани имплантите.

Јавноста беше особено вознемирена од женка мајмун која претрпе сериозно оштетување на мозокот веднаш по вградувањето на чипот.

Neuralink тврди дека сите инциденти се должат на човечка грешка, а не на проблеми со опремата.