Палестина: Израел доби дозвола да убива

Сподели со своите пријатели

„Пораките за правото на Израел да се брани ќе се толкуваат како дозвола за убивање“, рече палестинскиот претставник на ОН Ријад Мансур, кој го обвини Израел дека ги користи нападите врз Хамас како изговор за да му нанесе страшно страдање на целото цивилно население.

Loading...

– На Израел мора да му се каже дека треба да ја смени насоката и дека постои пат кон мирот на кој не умираат ниту Палестинците ниту Израелците, рече тој.

„Не можете да кажете дека ништо не го оправдува убивањето на Израелците, а потоа да го оправдате убивањето на Палестинците. Ние не сме потчовечки“, рече Мансур и повика на прекин на насилството и крвопролевањето и меѓународна заштита на палестинскиот народ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Спречен атентат на Нетанјаху: Иран регрутирал Израелец да го убие премиерот и другите функционери?

„Дојдовме во Советот за безбедност месец по месец предупредувајќи на последиците од израелската неказнивост и меѓународната неактивност. За жал, за некои медиуми и политичари, историјата започнува само кога Израелците ќе бидат убиени.