Дали чеченскиот лидер Рамзан Кадиров навистина е болен?

Сподели со своите пријатели

Во последните неколку дена медиумите, политичарите, анонимните извори и телеграмските канали разговараат за здравствената состојба на Рамзан Кадиров, лидерот на Чеченија, лојален на рускиот претседател Владимир Путин.

Loading...

Постојат различни претпоставки: едни велат дека Кадиров е во болница, други дури велат дека е во кома, а неговата прес-служба објавува снимки без датум на кој се шета во паркот.

Како започнаа гласините?

Ова не е прв пат во последните години да се шпекулира за наводно нарушено здравје на чеченскиот лидер.

Пред многу години, изворите на Новаја Газета зборуваа за „тешка болест која тешко се лекува, а во 30 проценти од случаите завршува со смрт“.

Некогаш, сепак, брзо се здебелувал, а потоа исто толку брзо ги губел килограмите, но овој факт сам по себе не значи дека има сериозни здравствени проблеми.

Но, од крајот на минатата година, чеченските канали на Телеграм почнаа да шират гласини дека состојбата на Кадиров „може да биде критична“.

Во последниве месеци, украински и руски блогери, како и украински разузнавачи, се приклучија на дискусијата.

Нова рунда на оваа дискусија започна со објавувањето на чеченскиот телеграмски канал NIISO – авторите напишаа дека Кадиров наводно паднал во кома.

Loading...

Истиот ден, украинското издание Обозревател ја објави оваа информација, повикувајќи се на извори „во чеченската дијаспора“, кои тие често ги користат кога пишуваат за Чеченците кои живеат во Европа.

Наводно, објави овој медиум, лекарите во Москва се немоќни да му помогнат на Кадиров и дека планот е тој да замине на лекување во странство, „најверојатно во Обединетите Арапски Емирати“.

Но, мнозинството во дијаспората немаат пристап до такви информации и не можат недвосмислено да ги потврдат гласините.

На гласовите на „изворот“ им се придружи и претставникот на главниот разузнавачки оддел на украинското Министерство за одбрана, Андреј Јусов, кој рече дека, според неговите информации, шефот на Чеченија „е во тешка состојба“.

Што значи „тешка состојба“?

Познатиот чеченски опозициски блогер Тумсо Абдурахманов, кој живее во странство, уверуваше дека Рамзан Кадиров може да има проблеми со бубрезите, поради што лидерот на Чеченија е на дијализа, што „не му помага“.

„Можно е ова да му се последни денови“, напиша Абдурахманов на 1 јули.

Како одговор, Рамзан Кадиров и неговиот братучед, пратеникот на Државната дума Адам Делимханов, снимија видео порака.

Пораката беше објавена на 2 јули, со очигледна намера да се исмеваат овие гласини, бидејќи Делимханов претходно беше прогласен за „мртов“.

Loading...

Кадиров во видеото коментира „разни озборувања“.

„Живееме, живееме полека, јадеме леб. Водиме интересен живот. А животот е генерално интересен кога е краток. Значи не сакаме да живееме долго. Ќе живееме кратко, но достоинствено“.

Анестезиологот од Израел, Михаил Фремдерман, во ова видео го привлече вниманието на тоа како изгледа десната рака на Кадиров.

„Ги гледав овие снимки неколку пати, ги зумирав – целата десна рака на Кадиров беше во дупки, имаше голем поткожен хематом. Тоа значи дека редовно му се даваат инфузии и тоа се индициите.

„Во најмала рака, можеме да заклучиме дека Кадиров е на многу сериозна долготрајна интравенска терапија. Ова не е дијагноза, туку доказ дека Кадиров можеби не е добро“, изјави тој за Би-Би-Си.

Адам Делимханов потоа во видеото додава дека Кадиров е „здрав како дренка и полн со енергија, активно се занимава со спорт“.

Најпопуларната верзија меѓу оние кои разговараат за овие гласини е проблем со бубрезите.

Имаше и навестувања дека се работи за проблеми со срцето.

Loading...

Поранешниот главен уредник на затворената радио станица „Ехото на Москва“ Алексеј Венедиктов, кој беше прогласен за странски агент во Русија) тврди дека Кадиров сега е во една од московските болници.

„Типична тешка бубрежна инсуфициенција. Затоа е неопходна честа хемодијализа, која, очигледно, се прави во Централната клиничка болница (Централна клиничка болница на Управата на претседателот на Руската Федерација)“, пишува Венедиктов.

Што навистина е познато досега?

Оваа година Кадиров веќе трипати официјално замина на одмор: во јануари, во април – за време на муслиманскиот празник Рамазан – и во јули.

Крајниот датум на одморот не е наведен.

На 21 февруари Рамзан Кадиров не се појави на адресата на Владимир Путин во Москва, што ги изненади новинарите.

А Путин на 3 март одеднаш „неофицијално“ се сретна со синот на чеченскиот лидер, тогаш 17-годишниот Ахмат, и му честиташе за претстојниот брак – Ахмат Кадиров се ожени ден по средбата со претседателот.

Loading...

Блогерите тогаш почнаа да се сомневаат дека оваа средба е исполнета со посебна симболика: многу потсетуваше на 2004 година, кога Рамзан Кадиров дојде во Кремљ откако неговиот татко беше убиен.

Од таа средба започна ерата на Рамзан Кадиров како политичар.

Децата на Рамзан Кадиров, особено најстариот Ахмат, всушност во последно време почнаа почесто да се појавуваат во официјалните комуникации, но ретко кој верува дека тинејџерот сериозно ќе ја преземе улогата на шеф на републиката „ако нешто се случи. ”

Што точно се случува со Кадиров?

Минатата година, соговорник на Би-Би-Си кој одржува контакт со претставник на чеченската влада (од безбедносни причини руската служба на Би-би-си не дава повеќе детали за тој извор) потврди дека Кадиров навистина има тешка болест.

Повикувајќи се на свои извори, руската новинарка Елена Милашина напиша дека „оваа болест е опасна по живот бидејќи може да доведе до откажување на други органи, пред се на бубрезите и белите дробови“.

Loading...

„Оваа болест е придружена со страшни болки, поради кои човек не може да спие. Не помагаат ниту силните лекови против болки, кои вообичаено им се препишуваат на пациенти со карцином во терминална фаза“, напиша овој новинар кој важи за еден од најдобро информираните кога е во прашање ситуацијата во Чеченија.

На 17 септември на интернет се појави видео на кое се гледа како Рамзан Кадиров шета во паркот.

„Силно ги советувам сите кои не ја разликуваат вистината од лагата на интернет, да се прошетаат на чист воздух и да си ги средат мислите. Дождот прекрасно оживува“, се вели во коментарот на видеото.

Во видеото, Кадиров на никаков начин не одговара на гласините за сопственото здравје, туку кажува нешто апстрактно за пешачењето неколку километри, придобивките од спортот и читањето на Куранот, светата муслиманска книга.

Дождливото време во видеото одговара на прогнозата во Грозни – околу 16 степени и врнежи.

Loading...

Медиумите во Русија сугерираат дека видеото покажува зграда слична на резиденцијата на чеченскиот лидер во Грозни.