На средбата со Ли, Сунак изрази загриженост за активностите на Кина

Сподели со своите пријатели

Британскиот премиер Риши Сунак му рекол на својот кинески колега Ли Чанг дека е „многу загрижен“ поради „мешањето“ на Пекинг во британските работи, само неколку часа откако беше утврдено дека двајца мажи уапсени во Велика Британија шпионирале за Кина, објави денеска Блумберг.

Loading...

„Искажав голем број различни грижи што ги имаме во различни области каде што не се согласуваме, а особено мојата голема загриженост за какво било мешање во нашата парламентарна демократија, што е јасно неприфатливо“, рече Сунак за време на медиумското обраќање по самитот на Г-20 во Њу Делхи.

Осомничениот, кој работел како истражувач на меѓународна политика во Долниот дом, бил уапсен во март од антитерористичката единица на британската полиција, заедно со уште едно лице, објави Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори.

Сунак рече дека разговарал со Ли откако било објавено дека парламентарниот истражувач поврзан со голем број пратеници од ториевците бил приведен под сомнение за прекршоци поврзани со шпионажа.

Кинеските државни медиуми по средбата меѓу Сунак и Ли објавија дека кинескиот премиер рекол дека двете земји „треба да се спротивстават на мешањето на трговската и економската соработка со политиката и безбедноста“, пренесува Танјуг.

Британскиот министер за правда Алекс Чалк рече дека Кина е „закана што ја дефинира епохата“ пред да се поправи себеси да каже „предизвик“, според Блумберг.