Две лица со употреба на сила одзеле пари и мобилен телефон од триесет и петгодишен кумановец на месноста Студена вода.
Loading...
– На 04.09.2023 околу 16.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на место викано „Студена вода“ во с.Доброшане, кумановско, Н.Р. и уште едно лице со употреба на сила од Ј.Л.(35) од Куманово одзеле пари и мобилен телефон, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски