Вчера во Свети Николе се формираше граѓанското здружение „За Нашиот Град“, а за негов претседател од страна на иницијативниот одбор е избран Борче Серафимовски.
Loading...
„Голем број граѓани без разлика на нивната верска, етничка или партиска припадност насекаде низ државата покажуваат иницијатива да се приклучат на граѓанското движење. Поддршката се зголемува, а граѓаните го препознаваат граѓанскиот концепт кој има за цел да донесе позитивни промени во државата”, вели идејниот творец на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ и актуелен градоначалник на општина Куманово, Максим Димитриевски.
Граѓански здруженија претходно се формираа во Куманово, Прилеп, Крушево, Кочани, Тетово, Гостивар, Гевгелија и Дојран.