Банката на Канада ја зголеми референтната каматна стапка

Сподели со своите пријатели

Банката на Канада денеска ја зголеми референтната каматна стапка за 25 базични поени, на 4,75 отсто.

Loading...

Пазарите делумно беа изненадени од ваквиот потег, бидејќи Банката на Канада не ја подигна каматната стапка на двете претходни сесии, а беше прогнозирано дека и овојпат ќе остане на ниво од 4,5 отсто.

Позајмувањето пари во Канада сега е најскапото во последните 22 години.

БДП на Канада порасна за 3,1 отсто во првиот квартал, но Банката на Канада беше загрижена од априлскиот пораст на инфлацијата на 4,4 отсто – прв пораст на инфлацијата во оваа земја во последните десет месеци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германската полиција уапси маж кој се заканувал со масакр

Банката на Канада ќе продолжи да го следи развојот на економската ситуација, пред се на инфлацијата и базичната инфлација, со цел да се врати ценовната стабилност на Канаѓаните, се заклучува во соопштението.