Автомобилите од Кина до крајот на годината ќе заземат 60 отсто од рускиот пазар

Сподели со своите пријатели

Кинеските производители ќе окупираат 60 отсто од рускиот пазар на автомобили до крајот на 2023 година, изјави генералниот директор на меѓународната консултантска компанија „Автобос“, Татјана Григорјева.

Loading...

Таа проценува дека уделот на кинеските автомобили на рускиот пазар веќе е околу 40 отсто, пренесува РИА Новости.

На рускиот автомобилски пазар останаа само кинеските марки „Џили“, „Хавал“, „ЈАЦ“ и „Чери“ -која, се чини, годинава е главната автомобилска марка во Русија“, додава Григорјева.

Останатите, според неа, се половни автомобили и она што сега се увезува преку паралелен увоз.

Продажбата на нови патнички и лесни комерцијални возила (LCV) во Русија во 2022 година е намалена за 58,8 отсто во споредба со 2021 година, на 687.000 единици, објави претходно Асоцијацијата на европски бизнис (AEB) во Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку двајца убиени во пукање во училиште во Словачка