Членовите на здружението „За наше Куманово“ денеска организираа еколошка акција за чистење на локацијата Менкова колиба.
Loading...
– Водени од мотото „Природата е наш дом, да ја заштитиме”, членовите на здружението „За наше Куманово” денеска организираа еколошка акција на локацијата „Менкова колиба”, информираат од здружението.
Loading...
Целта на акцијата, како што пјаснуваат, е подигање на еколошката свест за зачувување на животната средина.
Меѓу учесниците, имаше и повеќе млади луѓе кои испратија јасна порака дека ќе се грижат за животната средина, стои во соопштението.
Никола Ивановски