Американските сили наводно убиле лице кое планирало напади на ИСИЛ во Европа

Сподели со своите пријатели

Вчера Соединетите Американски Држави изведоа воена операција во која еден од лидерите на т.н Исламска држава во Сирија, соопшти денеска американската Централна команда (ЦЕНТКОМ), што е последен удар за групата која некогаш предизвикуваше страв на Блискиот Исток.

Loading...

Според соопштението објавено од Ројтерс, Калид Ајд Ахмад ал Џабури бил одговорен за планирање напади на ИСИЛ во Европа и развил раководна структура за групата.

Т.н Исламската држава контролираше делови од Ирак и Сирија на врвот на својата моќ во 2014 година. Се проценува дека групата има од 5.000 до 7.000 членови и поддржувачи распоредени меѓу Сирија и Ирак, од кои околу половина се борци, според извештајот на ОН во февруари.

Во овој напад нема загинати или повредени цивили, објави ЦЕНТКОМ, додавајќи дека групата „продолжува да претставува закана за регионот и пошироко“.

„Иако е деградирана, групата сè уште е способна да спроведува операции во регионот со желба да изврши напад надвор од Блискиот Исток“, се вели во соопштението.

Се додава дека смртта на Ал-Џабури „привремено ќе ја наруши способноста на групата да планира надворешни напади“.

Во извештајот на ОН се наведува дека заканата од Исламската држава и нејзините филијали за меѓународниот мир и безбедност била висока во втората половина на 2022 година и се зголемила во и околу конфликтните зони каде што е присутна.

На крајот на минатата година, т.н Исламска држава објави дека именувала досега непознато лице Абу ал Хусеин ал Хусеини ал Кураиши за свој водач откако претходниот лидер беше убиен во јужна Сирија.

Loading...