Србин направи хаос во Берлин: Фрлил граната на бившата и нејзиниот партнерка, па ги нападнал со нож

Сподели со своите пријатели

Германската полиција сомничи државјанин на Србија (61) за страшниот напад што се случи во петокот вечерта во Берлин, во кој беа повредени три лица..

Loading...

Полицијата извести дека напаѓачот во петокот вечерта активирал граната во влез на станбена зграда и ранил две жени на возраст од 42 и 48 години и еден 61-годишен маж.

Полицијата соопшти дека повредениот во нападот е во критична состојба.

Наведено е дека осомничениот откако ја активирал бомбата извадил нож и почнал да ги боде жртвите, пишува Телеграф.

„Се сомнева дека мотивот за нападот се нерасчистени љубовни врски бидејќи Србинот бил во врска со нападнатата 42-годишна жена“, соопшти полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рекорден извоз на германско оружје и воена опрема: Најголем дел отиде во Украина

Човекот кој е во критична состојба наводно е новиот партнер на повредената, додека 48-годишната жена, која исто така беше повредена во нападот, е пријателка на парот.

По нападот, осомничениот Србин побегнал во дворот на блиската зграда. каде што бил уапсен.