Пакистан: Девет полицајци загинаа во напад на бомбаш самоубиец

Сподели со своите пријатели

Девет полицајци загинаа во експлозија на бомбаш самоубиец во југозападен Пакистан, изјави портпаролот на полицијата.

Мехмод Кан Нотизаи изјави за Ројтерс дека уште 15 полицајци се ранети.

Ова е уште еден од серијата напади врз полицијата во Пакистан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 100 бегалци од Судан загинаа или исчезнаа во два бродоломи во Либија