Пенс добил повик од обвинителот да сведочи во истрагата против Трамп

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс добил покана од специјалниот советник на Министерството за правда Џек Смит во врска со истрагата за поранешниот претседател Доналд Трамп и неговата улога во немирите во Капитол на 6 јануари, изјави неименуван извор за Си-Ен-Ен.

Loading...

Канцеларијата на Смит бара документи и сведочења за 6 јануари 2021 година, кога приврзаниците на Трамп упаднаа во Конгресот, тврдејќи дека претседателските избори биле украдени, а пет лица ги загубиле животите.

Од Пенс се бара да сведочи за неговиот однос со Трамп пред изборите во ноември 2020 година и на денот на немирите во Капитол.

Како што додава „Си-Ен-Ен“, поканата означува важна пресвртница во двегодишната кривична истрага на Министерството за правда, сега предводена од специјален советник, за обидите на Трамп и неговите сојузници да ја попречат транзицијата на власта по поразот на изборите во 2020 година.

Пенс е важен сведок, откако во мемоарите опиша некои од неговите интеракции со Трамп во неделите по изборите.

Во зависност од неговите одговори, обвинителството има можност да побара од судијата да го принуди Пенс да одговори на дополнителни прашања и да ги укине извршните привилегии на Трамп.

Си-Ен-Ен во четвртокот објави дека Смит го повикал и поранешниот советник за национална безбедност на Трамп, Роберт О’Брајан во врска со истрагата за Трамп.

О’Брајан побара извршна привилегија со тоа што одби да обезбеди некои информации што обвинителите ги бараат од него, рече изворот.

Loading...