Кумановец измамил жител на Липково

Сподели со своите пријатели

Четириесет и едногодишен кумановец бил приведен под сомнение дека за сума од 400 евра измамил жител на Липково.

Loading...

– На 07.02.2023 во 11.55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.Т.(41) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Тој се сомничи дека измамил 31-годишен жител од Липково за сума од 400 евра.

– Имено, откако се договориле дека ќе му изгради куќа, ги зел парите и веќе не се појавил, појаснуваат од кумановската полиција.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Што носат последните денови од 2024 година?

Никола Ивановски