Зошто Монголија е толку важна за папата Франциско и за Ватикан?

Сподели со своите пријатели

Папата Франциско на враќање од посетите на Јужен Судан и Конго рече дека очекува да продолжи да патува, и покрај болест на коленото и изрази очекување дека во септември ќе ја посети Монголија.

Loading...

За време на вообичаениот разговор со новинарите на враќање од патување во странство, 86-годишниот папа, зборувајќи за своето здравје, се пошегува дека нема да го удри гром.

Хроничната болест на коленото го принуди папата да користи инвалидска количка и бастун со месеци.

Папата најави дека ќе го посети Марсеј на 29 септември, а потоа планира да ја посети и Монголија, но дека се уште не е сигурно, пренесе Ројтерс.

Во август минатата година, Папата го назначи италијанскиот надбискуп Џорџо Маренго за прв кардинал со седиште во Монголија, каде што е сместен и администраторот на Католичката црква.

Во Монголија има помалку од 1.500 католици, но тоа е стратешки важно бидејќи се граничи со Кина, каде Ватикан се обидува да ја подобри позицијата на католиците, наведува британската агенција.