Естонија со поддршка за приоритетите на македонското претседавање со ОБСЕ

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес, оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Естонија Урмас Реинсалу.

Loading...

Во фокус на разговорите беше нарушената безбедносна архитектура во Европа и справувањето со актуелните предизвици, особено во светло на нашето претседавање со ОБСЕ и напорите за ставање крај на воената агресија врз Украина.

Министерот Османи му ги пренесе на соговорникот впечатоците од посетата на Украина и средбите со украинскиот државен врв, потенцирајќи дека Украина е главен приоритет на нашето претседавање.

„Соочени со севкупните последици од воената агресија врз суверена и независна европска држава, остануваме посветени на обезбедување имплементација на принципите и вредностите на ОБСЕ, како и обединет и солидарен пристап во справување со севкупните последици од војната кои ги чувствуваме“, истакна Османи.

Во тоа светло, министрите ја реафирмираа заедничката посветеност нa духот и словото на Декалогот на ОБСЕ.

Министерот Реинсалу ја повтори естонската конзистетна поддршка за нашиот евроинтегративен процес, со охрабрување посветено да продолжиме со реформите за да обезбедиме придобивки за нашите граѓани.

Двајцата соговорници разговараа и за позитивниот тренд во билатералните односи и продлабочување на соработката меѓу двете земји, посебно во сферата на дигитализацијата, користејќи го естонското искуство за модернизација и дигитализација на нашето општество, што беше потврдено и за време на посетата на министерот Османи на Естонија во ноември 2022 година.