Јордан: Запленети еден тон амфетамин на границата со Ирак

Сподели со своите пријатели

Јордан заплени еден тон таблети амфетамин шверцувани во паста од урма на границата со Ирак, што е една од најголемите такви заплени, објави денеска Би-би-си.

Loading...

Според извештаите, во два камиони-ладилници биле пронајдени вкупно шест милиони таблети од лекот познат како „каптагон“.

Последната заплена е извршена на граничниот премин Ал-Карамах меѓу Ирак и Јордан.

Не беше наведено колку лица се уапсени.

Се почести се судирите меѓу јорданската армија и трговците со дрога.

Каптагон, познат како „кокаинот на сиромавиот“, се произведува во огромни количини во Сирија.

Во екот на конфликтот во Сирија, милитантните групи ги снабдуваа борците со дрога, прелиена со кофеин, за да ја зголемат нивната борбена ефикасност.

Со растечката сиромаштија, многу Сиријци се вклучија во трговијата со дрога, која сега вреди многу повеќе од легалниот извоз.

Loading...

Иако сириската влада го негира ова, извештаите ги поврзуваат моќните фигури во бизнисот и војската со производството и дистрибуцијата на каптагон.

Амфетаминот се шверцува во соседните земји, како Јордан и Либан, а крајната дестинација често е во земјите од Персискиот залив каде што има голем пазар, објави Би-Би-Си.