Фондацијата за култура и спорт вечерва, во Занаетчискиот дом организира духовна академија во чест на Свети Климетн Охридски, информираа денеска од Фоднацијата.
-Вечерва со почеток во 19:00 часот во просториите на Занаетчиски дом – Куманово, во организација на Фондација за култура и спорт, а под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово ќе се одржи Духовна академија „Св. Климент Охридски“. Ги шокануваме кумановци да присуствуваат на академијата, изјави в.д. директорот на Фондацијата, Марио Арангеловски.
На академијата ќе настапи црковен хор „Св. Николај“ од Свети Николе и оркестарот при СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Симфониум.
Присутните ќе имаат можност да проследат културно – уметничката програма и видеопрезентација за ликот и делото на Св. Климент Охридски.