Без учество на Техеран во истрагата на ОН за репресијата на учесниците на протестите

Сподели со своите пријатели

Техеран најави дека нема да учествува во истрагата на Обединетите нации за репресијата на иранските власти врз учесниците во двомесечните улични протести.

Loading...

Иран нема да соработува со политичкиот комитет формиран од Советот на ОН за човекови права, соопшти Министерството за надворешни работи во Техеран.

Советот за човекови права на ОН одлучи во четвртокот да започне истрага за постапките на иранските власти, јавува Ројтерс.

Комесарот за човекови права на ОН, Волкер Турк, побара од Техеран да ја прекине „несразмерната“ употреба на сила против учесниците во демонстрациите што започнаа откако 22-годишната Махса Амини почина додека беше во притвор во септември.

Се тврди дека загинале 450 демонстранти, меѓу кои 63 малолетници, како и 60 припадници на безбедносните сили, додека повеќе од 18.000 луѓе биле уапсени.