Колега, пази сурла! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Слатко слонче го прекина известувањето во живо на еден новинар во Кенија.

Loading...

Новинарот Алвин Каунда зборувал за влијанието на луѓето врз животната средина во природен парк во Најроби, кога едно од слончињата со кое бил опкружен почнало да пипка по увото, а потоа по главата.

Кога слонот почнал да го допира по лицето и да му ја става сурлата во уста, Каунда не можел да издржи и пукнал од смеење.

„Тоа беше моето прво вклучување од паркот. Знаев дека ќе видам слонови, но не знаев дека ќе ми дозволат да се доближам толку до нив“, рече Каунда, според ABC News.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова се уште не сте го виделе: Најлесен начин да протнете конец низ игла (ВИДЕО)