Ердоган: Турција ќе продолжи да придонесува за Г20

Сподели со своите пријатели

По враќањето од самитот на лидерите на Г-20, чиј домаќин беше Индонезија, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Турција ќе продолжи да придонесува во групата Г20.

Loading...

Ердоган ги сподели своите впечатоци од самитот на Г20 на својот профил на социјалните мрежи.

– Се вративме во нашата земја по завршувањето на посетата на Индонезија по повод самитот на лидерите на Г20. Турција ќе продолжи да придонесува за Г-20, која успешно ја извршува својата лидерска улога во соочувањето со предизвиците на глобално ниво – рече турскиот лидер.

Самитот на лидерите на земјите од Г-20 на индонезискиот остров Бали се одржа на 15 и 16 ноември.

Групата Г20 ја сочинуваат 19-те најразвиени земји во светот и Европската унија (ЕУ).