Франција го подигна нивото на ризик од птичји грип од „умерено“ на „високо“.
Loading...
Во последниве недели, Франција бележи зголемување на бројот на животни заболени од птичји грип, а фармите низ целата земја сега ќе мора да ги чуваат птиците исклучиво во затворени простории, пренесува Танјуг.
Најлошата ситуација со птичјиот грип во Франција е забележана во периодот од ноември до мај, кога поради ширењето на епидемијата беа убиени над 19 милиони животни.