Ова се сите одлуки од 99-та владина седница

Сподели со своите пријатели

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа 99-та седница.

Loading...

Владата го усвои текстот на барањето до Меѓународниот монетарен фонд, за обезбедување Кредитна линија за претпазливост и ликвидност. Кредитната линија за претпазливост и ликвидност е во износ од 530 милиони евра. Средствата од Кредитната линија се наменети за поддршка на Буџетот на Република Северна Македонија.

Владата на денешната седница донесе одлука за преземање мерка за финансиска поддршка со засметување на разликата на цена на топлинската енергија на вршителите на енергетските дејности на пазарот на топлинска енергија, за потрошената топлинска енергија од страна на потрошувачите од категоријата домаќинства, во услови на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маџовски: Повеќе пари за спортот и формирање школски и младински лиги

Оваа одлука за новата грејна сезона практично значи продолжување на субвенционирањето од страна на Владата во делот на сметките за топлинска енергија на домаќинствата, со цел заштита на домаќинствата од повисока цена на топлинска енергија, како што беше случај и досега.

Мерката за финансиската поддршка е предвидено да се реализира согласно меѓусебните права и обврски утврдени со склучени договори помеѓу Акционерското друштво за производство на електрична енергија ЕЛЕКТРАНИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, во државна сопственост, Скопје и носителите на лиценца за снабдување со топлинска енергија на подрачјето на градот Скопје.

Мерката се однесува на временскиот период од денот на влегувањето во сила на оваа одлука – до истекот на рокот на утврденото постоење кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК: Црвените јајца се вапцаат пред изгрејсонце

Владата, на денешната седница, на предлог на Министерството за внатрешни работи, ја разгледа и усвои Информацијата во врска со потребата од склучување на Меморандум за разбирање помеѓу Владата на Северна Македонија и Швајцарскиот Федерален совет, за воспоставување на партнерство за миграција и го прифати усогласениот текст на Меморандумот. Склучувањето на овој Меморандум, според објаснувањето од МВР, ќе придонесе во унапредувањето, продлабочувањето и проширувањето на дијалогот во областа на миграцијата.