Јапонија размислува за можно купување на американски крстосувачки ракети Томахавк за да се спротивстави на растечките регионални закани, особено од Северна Кореја.
Loading...
Повикувајќи се на неименувани извори во јапонската влада, весникот Јомиури денеска објави дека Токио е во завршна фаза од преговорите со американската влада за набавка на ракети со среден дострел.
Во зависност од областа за лансирање, Корејскиот Полуостров ќе биде во домет на овие ракети, пишува весникот.
Одлуката за набавка на ракети Томахавк би била контроверзна во земја чиј пацифистички устав од 1947 година ги ограничува воените способности на јапонските одбранбени сили, пишува Бета.