Кошаркарите на Куманово ја впишаа првата победа сезонава, откако вечерва на домашен терен го совладаа составот на Кожув со резултат 92:78.
По два порази, желбата на избраниците на Владимир Мирковски за победа беше очигледна уште на стартот на мечот, кога веќе по првите десет минути имаа предност од 21:19.
Убедлива втора четвртина во која Куманово даде 28 поени, наспроти 15 на Кожув, веќе најави дека сино-белите се решени овој натпревар да го добијат.
На полувреме се замина со резултат 40:34 во корист на домаќинот.
Во третата четвртина имаше мал пад во играта, но не доволен Кожув да направи пресврт во резлутат.
Во последните десет минути кумановци беа за еден бод подобри со што славеа победа.
Дуото кое го водеше Куманово до победа вечерва се Душан Јузбашиќ и Даниел Нацевски, кои впишаа 22, односно 20 поени. Двоцифрен број поени имаат и американскиот интернационалец Кели (18) како и Ненад Зивчевиќ (12).
Мајрон Гордон ја носеше играта на Кожув и впиша 27 поени.
Никола Ивановски