Уште три години затвор за соборената претседателка на Мјанмар

Сподели со своите пријатели

Судот во Мјанмар денеска ја осуди соборената премиерка Аунг Сан Су Чи на три години затвор под обвинение дека примала мито, пренесе Ројтерс, цитирајќи лице запознаено со ова прашање.

Loading...

Премиерката се соочува со најмалку 18 обвиненија, кои се движат од корупција до кршење на изборните закони, кои вкупно може да носат максимална казна од речиси 190 години, објави Ројтерс.

Су Чи ги нарече обвиненијата против неа апсурдни и негираше каква било злоупотреба.

Таа е во домашен притвор во главниот град Најпида, а судењата се затворени за јавноста.

Последното обвинение е поврзано со наводите дека Су Чи примала мито од бизнисмен, додаде изворот на Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Околу 500 луѓе останаа без покрив над главата во пожар во зграда кај Варшава

Противниците на военото владеење велат дека обвиненијата против Су Чи имаат за цел да ја спречат повторно да се вклучи во политиката или да се обиде да ја предизвика воената хунта која е на власт од минатогодишниот пуч.