Иранка уапсена оти јадела во кафуле без хиџаб

Сподели со своите пријатели

Иранската полиција уапси жена откако на интернет се појави фотографија на која таа и нејзината пријателка јадат во кафуле во Техеран без хиџаб, соопшти вчера нејзиното семејство.

Loading...

Фотографијата, која почна да кружи на интернет во средата, прикажува две жени како појадуваат во кафуле кое, како и повеќето кафулиња во Иран, традиционално е под покровителство на мажи.

Една од жените на фотографијата, Доња Рад, полицијата набргу потоа ја уапсила.

Си-Ен-Ен разговараше со нејзината сестра, која рече дека безбедносните агенции стапиле во контакт со Доња и ја повикале да ги објасни своите постапки.

– Ја уапсија по разговорот. Прво не се слушнавме неколку часа, а потоа накратко ми се јави Доња и рече дека ја ставиле во одделението 209 од затворот Евин – изјави нејзината сестра.

Техеранскиот затвор Евин е познат по тешките услови, режимот таму држи политички неистомисленици, а наменет е исклучиво за затвореници за кои е одговорно иранското Министерство за разузнавање.